Вие сте семејство во кое главниот лек е љубовта

Вие сте семејство во кое главниот лек е љубовта

Група деца и млади, пациенти и протагонисти на теливизиската серија „Децата од Бамбино Џезу“, се сретнаа со папата Фрањо заедно со своите родители и лекарите кои се грижат да нив.

Драги папа Фрањо ти благодариме што ни даваш надеж и храброст за иднината. Те сакаме! – со тие зборови на 10 април 2017 година попладне група деца и млади, болните кои се лекуваат во римската детска болница Бамбино Џезу, му се заблагодарија на Папата за тоа што ги прими во малата сала на салата Павле VI. Тие деца и млади на возраст од 5 до 18 години, кои беа придружувани од нивните родители и лекарите кои се грижат за нив, се протагонисти на теливизиската серија на Италијанската радио телевизија насловена „Децата од Бамбино Џезу.“

Заблагодарувајќи им се пред сè за фотографиите и книгата со посвета, папата Фрањо на младите им рече дека секој од нив е приказна за себе. Но, овде се и нивните родители, семејството, лекарите и болничарите, сите тие – според зборовите на Папата – се приказна за себе. Присетувајќи се потоа на минатата средба со нив, Светиот Отец истакна дека уште тогаш забележал дека лекарите го знаеле името на секое болно дете, нивната болест и сè што се случува во нивниот живот. Тогаш почувствував дека таа болница е повеќе од болница, таа е вистинско семејство – рече папата Фрањо.

Болницата често може да предизвика страв кај децата, затоа треба да се понуди повеќе од само лекови – како што рече Светиот Отец – лекувањето најмногу е во нежноста, во љубовта која здравствените работници треба да им ја пренесат на тие мали пациенти. Во животот и работата можно е болниците да го заборават најважниот лек, затоа што треба силно да се заземаат, да го вложат целото срце, целата љубов. А кај вас ја воочувам нежноста на лекарите, болничарите, директорот на болницата, сите – истакна Папата и додаде дека болницата Бамбино Џезу во последно време се развива и станува семејство. Болното дете таму може да го пронајде семејството. Семејството и заедницата, се два збора кои и вие ги кажавте и ги повторивте, и за тоа ви благодарам, затоа што таа болница е сведоштво за човечноста – рече Папата.

На средбата присуствуваше и претседателката на болницата Мариела Енок, која на Светиот Отец му го претстави новиот проект на болницата кој ќе биде остварен во Сирија, за формација на оние кои ќе бидат со децата, кои мора да ги надминат траумите на страшната војна. Во Сирија треба да се спаси цела една генерација која би можела да биде загубена, затоа што младите можат да станат насилни – рече претседателката и додаде дека заедно со присутните деца сакаат да му кажат на Папата да смета на нив секој пат кога ќе добие некоја добра идеја. Не сакаме да бидеме само римска, Папска болница… Сакам да бидеме болница која знае да оздравува, лекува, уверена дека сè што примила на тоа имаат право и голем број други деца во светот – истакна Мариела Енок.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот