Виена: 250 години од историскиот синод во Виена свикан од императорката Марија Тереза

Виена: 250 години од историскиот синод во Виена свикан од императорката Марија Тереза

Бискупот Стојанов на 31 мај и 01 јуни 2023 година во Виена учествуваше на Симпозиумот и тркалезната маса по повод 250 години од Историскиот Синод свикан од императорката Марија Тереза.

Средбата се одржа под покровителство на кардиналот Кристоф Шенборн од Виена, а покрај бискупот Стојанов од Македонија на таа средба учество зедоа и источно-католичките епископи од Унгарија, Словачка, Закарпатија (Украина), Романија, Србија, Хрватска, епископот од Крижевската епархија под чија јурисдикција Католичката црква од источно-византиски обред се наоѓаше скоро 70 години.

Покрај академско научната средба беа отслужени и две архиерејски свети Литургии во катедралата Свети Стефан, предводена од архиепископот монс. Цирил Васил, а проповедаше кардинал Шенборн и во црквата Света Варвара предводена од митрополитот Филип Кочиш на која и проповедаше, а на кои сослужуваше и епископ Стојанов.

Оваа година се навршија 250 години откако императорката Марија Тереза ги повикала источно католичките бискупи од унгарскиот дел на Хабсбуршката монархија во Виена на Синод, кој до ден-денес претставува еден од најважните историски и законодавни елементи за Источно-католичките цркви во центртална Европа – наследници на Ужгородската унија и другите унии со духовни врски со поранешната Мукачевска епархија.

По повод тој Синод, тогашниот хрватски епископ Божичковиќ ги посветува за нови епископи монс. Грегориј Мајор за епископ во Фагарас и монс. Андреа Бачински за рутенската епархија Мукачево, истакната личност која 36 години од своето епископство оставил длабок пасторален печат на оваа црква. Онаа што е многу значајно за нас, сопосветител е монс. Мелетиј Коваќ, епископ во Орадеа – Романија, македонец по потекло од Македонија, кој исто така учествувал и на Синодот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот