Ви го пренесуваме размислување за 32. Недела по Педесетеница, спред Евангелието од Лука 19,1-10, кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија
Од Евангелието според Лука (19,1-10)
Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок. Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.” И тој веднаш слезе и Го прими со радост. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќата на грешен човек.” А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.” А Исус му рече: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов. Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.”