Папата Фрањо им се обрати на младите од Италијанската католичка акција во кратка видео порака снимена во сабота на 25 март 2023 година, по повод аудиенцијата во Ватикан каде што го прими помошникот на националниот црковен асистент, монс. Џулиодори. Не заборавајте, советуваше, да негувате дијалог со бабите и дедовците
„Студенти кои ја менуваат реалноста“ е тема на иницијативата Католичка акција, во врска со која папата Фрањо сними видео порака.
„Променете ја реалноста“
Дали е тоа возможно? Дали сте способни да ја промените реалноста? Постои, имено, добра реалност, која ве спушта кога сте во орбитата; но има и една лоша реалност која треба да се смени – им порача папата Фрањо на студентите, членови на здружението, во кратката видео порака што ја сними во саботата на 25 март, примајќи го во аудиенција монс. Клаудио Џулиодори, главен црковен асистент на Италијанската католичка акција и Католичкиот универзитет Пресвето Срце.
Во пораката Папата зборува за еден вид двојна „реалност“; онаа „добра“ што ги спушта да бидат цврсто на земја, во понизен став и онаа што, напротив, ги вовлекува во вителот на негативност, што ги сведува на вообичаеното размислување: „секогаш се правело така“. Тоа – посочи Папата – треба да се смени, бидејќи нѐ прави заробеници.
Секогаш поттикнувајте дијалог меѓу младите и старите лица
Понекогаш соништата се подалеку отколку што мислиме, но тоа може да се направи! Вие имате сила. Променете ја реалноста – рече Светиот Отец и додаде: Дозволете другите да ви помогнат, секогаш во разговор со постарите. Дијалогот меѓу младите и бабите и дедовците е многу важен. Променете ја реалноста – повтори Папата и им се заблагодари за се што прават, повикувајќи ги да молат за него како што тој се моли за нив. На крајот ги благослови.
Ватикан њуз/к.мк