Светиот Престол во четврток 5 август објави видео по повод 107. Светски ден на мигранти и бегалци, кој се слави на 26 септември, повикувајќи на поголема посветеност кон овие групи и „едно поголемо ние“.
Во видеото, папата Фрањо повикува на збогатување на општеството преку поголема разновидност и интеркултурна размена. Притоа, „мора да научиме да живееме заедно во мир и хармонија“ – порачува Светиот Отец.
Видеото претставува црковни иницијативи за бегалци на „балканската рута“, како што се активностите на Меѓународната служба за бегалци на Исусовците (ЈСР) во Бихаќ, каде заедно со локалната црква и другите верски заедници им помагаат на оние во потреба.
Целта на католичкиот Светски ден на мигранти и бегалци е настојувањето на интегративна Цкрва која е внимателна на целото човечко семејство и способна да создаде заедништво во различноста. Мотото на овогодинешниот 107 Светски ден мигранти и бегалци е „Кон едно сѐ поглемо ние“, а воедно е и наслов на пригодната порака на папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк