Радосна атмосфера со сведоштво и молитва која секоја година ја одбележува подготовката за Божик на стотина деца, аниматори и семејства. Станува збор за традиционален настан кој на плоштадот Свети Петар се одржува веќе 50 години, на третата недела од Божиќниот пост, каде многу млади и деца ги донесуваат статуите на Детето Исус кој Папата Фрањо ги благословува за време на пладневниот говор.
Ве поздравувам драги млади, кои сте дојдени со статуите на Детето Исус за вашите јасли. Ги благословувам од срце – рече Папата Фрањо. Како што потсетив во писмото ,,Admirable singum”, Божиќните пештери се како живо евангелие. Додека размислуваме за сцената на Исусовото раѓање, повикани сме духовно да тргнеме на патување, привлечени од понизноста на Оној кој стана човек за да се сретне со секој човек. И откриваме дека Тој нѐ сака толку многу што се соединува со нас како би можеле и ние да се соединеме со Него – истакна Папата Фрањо.
Поминаа 50 години од 21 декември 1969 година, кога папата Павле VI во тогашното пладневното обраќање, кога за прв пат ги благослови статуите на Детето Исус. Исто така и оваа година римските ораториуми и парохии повторно дојдоа на плоштадот свети Петар, а темата на овогодинешната средба е „Божиќ е и тука!”, Како сите луѓе, возрасните и малите би се потсетиле дека Исус се раѓа во секое место, во срцето и во градот.
Благословот на статуите повторно нѐ фокусира на божиќното таинство – истакна претседателот на Центарот на римските ораториуми, Давид Ло Басчо и додаде: Сите нас нѐ потсетува дека Господарот на историјата доаѓа без галама, во ладнa пештера. Ако Бог избра да стане човек да се роди како дете, како ние возрасните можеме и понатаму да ги занемаруваме нивните права, нивната субјективност? Да се поклониме на Христос кој доаѓа- додаде Ло Басчо – значи да се поклониш исто така на неговата состојба на Дете и да го промени нашиот живот, погледот и општеството за да бидеме сѐ повеќе по мерка на Детето.
Во последните неколку години традицијата со благословување на статуите на Детето Исус се прошири во многу италијански бискупии, но и во странство, каде бројни заедници, на третата недела од Божиќниот пост, организираат молитвени средби и славења и духовно се соединуваат со Папата и неговиот благослов во Рим.
Ватикан њуз/к.мк