На 14 ноември 2021 година во филијалната црква „Свети великомаченик Ѓорги“ во Чанаклија се одржа втората по ред средба со верниците во рамки на синодалното патување. Средбата започна со молитва и повик до Светиот Дух за успех на Синодата, а потоа следеа и дискусии на темите кои се важни за универзалната Црква, но и за предизвиците кои стојат на патот на самата црковна заедница во Чанаклија.
Сите верници изразија задоволство што оваа Синода Светиот Отец сака да ги слушне и нив со нивните видувања. Секој од верниците на одржаните средби изрази подготвеност да го даде својот придонес во реализацијата на единството и мисијата на целата Католичка Црква.
Досегашните средби беа водени од страна на отец Ванчо Назов, парох во Сарај и Чанаклија.
к.мк