Велики Петок: Писмо од Исус до тебе

Велики Петок: Писмо од Исус до тебе

За тебе кој не веруваш секогаш дека Јас сум покрај тебе, кој ме гледаш, а не можеш да ме видиш и понекогаш губиш надеж да ме сретнеш.

Ти пишувам од мојот Kрст до твојата осаменост. Ти пишувам тебе кој честопати ме гледаше без да ме видиш и ме слушаше без да ме слушнеш. Тебе кој многу пати ми вети одблизу да ме следиш ибез да знаеш зошто, си се оддалечил од трагите на моите стапки кои ги оставив во светот за да не се изгубиш.

Ти пишувам тебе кој не веруваш секогаш дека Јас сум покрај тебе, кој ме бараш без да ме најдеш и понекогаш ја губиш надежта да ме сретнеш. Тебе кој понекогаш мислиш дека Јас сум само едно сеќавање, а не разбираш дека сум жив.

Јас сум почетокот и свршетокот; Јас сум патот за ти да не се изгубиш, вистината за ти да не погрешиш и животот за ти да не умреш. Мојата омилена тема е љубовта, која беше мојата причина да живеам и да умрам.

Јас бев слободен до крајност; имав јасен идеал и го бранев со својата крв за да те спасам. Бев учител и слуга, чувствителен сум на пријателството и долго време го очекувам твоето пријателство.

Никој како Мене не ја познава твојата душа, твоите мисли, твојот од, и многу добро знам колку голема е твојата вредност. Знам дека понекогаш твојот живот се чини сиромашен во очите на светот, но исто така знам дека имаш многу да дадеш, и сигурен сум дека во твоето срце постои скриено богатство: спознај се самиот себе и тогаш ќе направиш едно место за Мене.

Алетеја/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот