Ватикан ќе објави документ за улогата на Папата

Ватикан ќе објави документ за улогата на Папата

Во четврток, 13 јуни 2024 година, Дикастеријата за промовирање на единство меѓу христијаните ќе го претстави документот „Римскиот епископ. Примат и синодалност во екуменските дијалози и одговорите на енцикликата „Ut unum sint“ (Il Vescovo di Roma. Primato e sinodalità nei dialoghi ecumenici e nelle risposte all’enciclica „Ut unum sint“).

Како што се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, „Римскиот бискуп“ е студиски документ одобрен од папата Фрањо, кој за прв пат ги сумира одговорите на енцикликата Ut unum sint на свети Иван Павле II. од 1995 година, и екуменските дијалози за прашањето на приматот и синодалноста.

Папата Иван Павле II. ги повика другите Цркви во „братски и трпелив дијалог“ со Рим да бараат начини да ја сфатат папската служба како „служба на милосрдие“ за сите Цркви. Тоа резултираше со иницирање на комисии за дијалог со повеќе Цркви, чии резултати ќе бидат претставени во новиот документ.

Проектот беше дополнително поттикнат од папата Фрањо, кој од почетокот на својот понтификат се претставува првенствено како Римски епископ. На негово барање, во овогодинешниот Папски годишник, му беше вратена историската титула „Патријарх на Запад“, која беше отстранета од употреба од страна на неговиот претходник Бенедикт XVI. Светиот Отец исто така во центар ја стави темата за синодалноста на Црквата, во која бискупи, теолози и мирјани треба да придонесат со совети за важни црковни прашања.

На крајот од документот, предлогот на дикастеријата ги утврдува најважните предлози за обновената форма на службата на единство на римскиот епископ „признаена и од едните и од другите“, односно од Католичката и од другите Цркви.

На конференцијата ќе учествуваат префектот на Дикастеријата кардинал Курт Кох и генералниот секретар на Епископската синодакардинал Марио Греч, а преку видеоврска претставникот на Ерменската апостолска црква при Светиот Престол надбискупот Кајаг Барсамјан и директорот на Англиканскиот центар во Рим и личниот претставник на надбискупот од Кентербери при Светиот Престол Иан Ернест.

Ватикан нуз/к.мк

Таг: Римскиот епископ – документ за Папската служба

Клучни зборови: папа Фрањо, Римскиот епископ, екуменизам, Папска служба

Фотографија: Свети Петар

Мета опис: Во четврток, 13 јуни 2024 година, Дикастеријата за промовирање на единство меѓу христијаните ќе го претстави документот „Римскиот епископ. Примат и синодалност во екуменските дијалози и одговорите на енцикликата „Ut unum sint“

Број на статија и слика: 13989

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот