Ватикан купува храна за лицата во потреба од регионите погодени од земјотресот

Ватикан купува храна за лицата во потреба од регионите погодени од земјотресот

По лично барање на Папата, Апостолската милостилница овие денови во подрачјето на Средна Италија, кое беше погодено од силни земјотреси, од малите трговци, кои се во големи неволји, купи типични прехранбени производи. Ова е објавено во соопштение од споменатата институција на Светиот Престол, која во име на Светиот Отец, ја врши со каритативна работа

Договор со бискупите од подрачјето погодено од земјотрес

Во договор со бискупите од регионот погодени од земјотресите, одредени се неколку групи земјоделци и произведувачи, на кои поради претрпените штети од земјотресот им се заканува затворање.

Помош на економијата во неволја

Апостолската милостилница купи поголеми количини од нивните производи, со наканата од Папата – како што стои во соопштението – да им се помогне и да се охрабрат да продолжат со својата работа. Тој чин е во согласност со научителството на папата Фрањо, кој на разни средби често пати потсетува дека кога не се заработува за леб, се губи достоинството. Сите купени производи веднаш се распределни во народните кујни во Рим, за подготовка на секојдневните оброци за лицата во потреба и бездомниците – стои во соопштението.

Во маркетот кој се наоѓа во градот Ватикан и кој е наменет за вработените во Ватикан, може да се купат производи типични од тој регион, со цел да се поттикне економијата во тој дел оф Италија, кој се наоѓа во тешка економска состојба.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот