Бројаницата: Молитва на срцето за папата Фрањо

Бројаницата: Молитва на срцето за папата Фрањо

Вчера, 31 мај 2018 година заврши Маријанскиот месец и по тој повод како и секоја година во Ватиканските градини вечерта се одржа процесија од црквата Свети Стефан до пештерата на Богородица Лурдска.

Негувајте ја побожноста кон Богородица со секојдневно молење на Света Бројаница и како Богородица, прифаќајќи го Христовото таинство во својот живот, можеме сѐ повеќе да бидеме дар на љубов за сите – рече Светиот Отец на 9 мај оваа година за време на Генералната аудиенција во среда, повикувајќи при тоа на молитва за мир во Сирија како и во целиот свет.

Побожноста на Папата кон Богородица

Папата Фрањо, како и неговите претходници, секогаш ја покажувал својата љубов кон Марија, Тоа го направи веднаш откако беше избран за Папа, доверувајќи го своето научителство на Богородица, спасение на римскиот народ во базиликата Света Марија Велика во Рим, но исто така запознавајќи го светот со иконата на Богородица која разврзува чворови.

Марија сигурен кораб во сред поплава

Во бројните молитви кои ги упатува до Марија папата Фрањо секогаш ја истакнува помошта која Марија ја нуди на сите нас како би можеле да ги надминеме тешкотиите во животот. Колку често нашето срце е бурно море, каде брановите на нашите проблеми се таложат и каде ветровите на нашите грижи не престануваат да дуваат! – истакна Светиот Отец на 28 јануари оваа година по повод празникот Пренесување на иконата „Спасение на римскиот народ“, истакнувајќи дека Марија е сигурен кораб во сред поплава.

Жена на слушање, одулка и делување

Марија, жена на одлука просветли го нашиот ум и нашето срце како без двоеумење би знаеле да бидеме послушни на Словото на твојот Син Исус; подари ни храброст за одлуки како не би дозволиле други да нѐ влечат дозволувајќи им да го водат нашиот живот – рече папата Фрањо и заврши: Маријо жена на делување, дај нашите раце и нозе „итно“ да одат кон другите како би им ја донеле љубовта на твојот Син Исус; како и ти, во светот да го донесуваме светолото н а Евангелието.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот