Бројаницата има основа во Библијата

Бројаницата има основа во Библијата

Постои заблуда за Светата Бројаницата дека католиците ја обожаваат Марија. Прво, Светата Бројаницата (…) е размислување за животот на Христос и секое таинство на Светата Бројаницата се фокусира на библиските настани од евангелието. Да се каже дека светата Бројаница не е библиска молитва, едноставно не е точно.

Кога поединечно ќе погледнете од кои молитви е составена Светата Бројаница, ќе видите дека секој дел од неа има библиска природа и дека секој дел има длабоко значење спротивно на тврдењето за „безумно паганско мрморење“ или „бесплодно повторување“, пишува Алетеја .

Бројаницата се состои од следниве молитви: Символ на верата, Оче наш (Господовата молитва, која ни ја даде самиот Христос), Радувај се Маријо, Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, четири таинства на верата и завршува со Радувај се Царице.

Кога католиците ја молат молитвата „Радувај се Маријо“, тие не се молат на Марија, туку бараат нејзино молитвено застапништво за нас, на ист начин, на кој можете да ги замолите пријателите, семејството или свештениците да се молат за вас. Само нејзините застапнички молитви се посилни, затоа што таа е Мајка на нашиот Господ и седи покрај Него на Небото. Молитвата Радувај се Маријо е извлечена директно од Библијата, од усните на архангелот Гаврил, Господовиот гласник (Лука 1,28) и од пофалните зборови на Елисавета кога детето во нејзината утроба го препозна Исус како Месија (Лука 1, 42).

Доксологијата Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух не е ништо друго туку химна за слава на Светата Троица. „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Таинствата од Светата Бројаница додека се моли секоја десетка (на десетте зрна од Бројаницата се моли десет пати Радувај се Маријо) имаат за цел да го воведат молителот подлабоко да размислува за Христовата радост, жртва, страдања и славните чуда од неговиот живот.

Тоа е поврзана на молитва, кој не поврзува за Бога. Затоа ги охрабрувам луѓето да молат Света Бројаница ве поттикнувам и повикувам и вие да ја молите таа прекрасна молитва. (…)

Алатеја/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот