Во недела 15 декември 2024 година од 11.30 во дворот на Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Божиќен саем во организација на Македонски Каритас. Собраниот приход ќе биде наменет за лицата во потреба корисници на Македонски Каритас.
На саемот свои божиќни изработки ќе изложат повеќе Парохиски Каритаси, амбасади и здруженија на граѓани.
Претходно Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов ќе служи света Литургија во Скопската катедрала.
к.мк