Бог стана Дете за да ни ја покаже својата нежност

Бог стана Дете за да ни ја покаже својата нежност

Божиќното време во литургиската година се приближува кон крајот, поточно ќе заврши со празникот Крштение Господово, кој се слави на 7 јануари, а потоа ќе започне редовното време, односно „време низ годината“. Затоа Папата настојува да ги искористи преостанатите денови од божиќното време за да сподели со своите следбеници кратки Твитер пораки за значењето на Христовото раѓање за нас, за целиот свет, зашто второто Божјо лице „стана тело и се всели меѓу нас“

Во својата Твитер порака на 4 јанаури 2018 година Светиот Отец напиша: Бог стана Дете, како би бил близу до мажите и жените од секое време, за да ни ја покаже својата неизмерна нежност.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот