Бог не е праведен

Бог не е праведен

Бог не е праведен, зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните (Матеј 5,45).

Бог не е праведен, затоа што приготвува гозба за изгубениот син, кој потроши сѐ, живеејќи развратно (Лука 15,29).

Бог не е праведен, затоа што на работникот во единаесетиот час (5 часот попладне) му дава иста награда како и на оној кој работел од девет наутро и ја претрпел тегобата на денот и жегата (Матеј 20,10).

Бог не е праведен, затоа што остава 99 праведници за да оди и да побара еден изгубен (Матеј18,12).

Бог не е праведен, затоа што го отвора небото за блудници и го прогласува свет разбојникот заедно со него распнат на крстот (Лука 23,43).

Бог не е праведен, затоа што се свртува од еден практикант на верата за да го прими грешниот цариник (Лука 18,14).

Бог не е праведен за мене, затоа што ги заборава моите гревови и се сеќава само на моите добри дела.

За наша среќа Бог не е праведен, туку милостив.

Псалм 129,3-4 ни вели:  Господи, ако гледаш на беззаконијата, – тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување.

Ти благодариме Боже што не си праведен, туку милостив!

ФБ/к.мк

Категорија: Вера, Духовност
Ознаки праведност

За авторот