По молитвата Ангел Господов во недела 4 јуни 2023 година, папата Фрањо – како што веќе направи вчера во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин – ја вети својата близина со повредените и со семејствата на жртвите од железничката несреќа во Индија.
Потоа на Богородица ги доверил народите искушувани од военото зло, а посебно напатената Украина. При тоа, упати посебен поздрав до претставниците на карабинерите кои го слават својот празник на 5 јуни и им се заблагодари за близината со населението. Нека Virgo Fidelis, (Верна Девица) која е ваш заштитник, ве заштити вас и вашите семејства – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк