Благослов за учениците и просветните работници во црквата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија

Благослов за учениците и просветните работници во црквата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија

Во недела 7 септември 2025 годинаво Католичката црква „Свети Петар и Павле“ – Гевгелија беше отслужена свечена света Литургија по повод почетокот на новата учебна година. Литургијата ја предводеше парохот о. Ристо Самарџиски, а на богослужбата присуствуваа ученици од парохијата заедно со своите родители и роднини.

На крајот од светата Литургија, парохот ги благослови учениците, а потоа сите верници беа миросани со миро од свети Шарбел и воедно на сите ученици и просветни работници им беа поделени икони од Света Мајка Утешителка – Паљурска..

Од парохијата во Гевгелија им посакуваат среќна и благословена нова учебна година на сите ученици, студенти и просветни работници.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот