Последниот јавен настан од апостолското патување на Папата во Турција беше заедничкиот екуменски благослов даден на народот собран во дворот пред црквата „Свети Ѓорѓи“, каде што во недела 30 ноември 2025 година се служеше Божествената Литургија. Прегратка меѓу двајцата ги запечати двата дена на Папата исполнети со екуменизам во Истанбул.
Тие го благословија мноштвото народ по Божествената Литургија присутен на малиот плоштад пред Патријаршиската црква „Свети Ѓорѓи“: епископи, кардинали, надбискупи, јеромонаси и свештеници. Потоа се фатија за раце, разменија братски бакнеж и влегоа, еден до друг, во седиштето на Патријаршијата. Заедничкиот екуменски благослов на папата Лав XIV и Вартоломеј I, Вселенски патријарх на Цариград, во Фанар беше последниот јавен настан од патувањето на Папата во Турција. Лав го продолжува своето Апостолско патување во Либан, втората станица на неговата прва меѓународна турнеја.
Ватикан њуз/к.мк

