Благодарствена света Литургија по повод пет години од инаугурацијата на Струмичко – скопската епархија
Во рамки на одбележувањето на петатта годишнина од инаугурацијата на Струмичко – скопската епархија „Успение на Пресвета Богородица“ и устоличувањето на првиот епарх, во недела 3 декември 2023 година, Струмичко – скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов служеше благодарствена света архиерејска Литургија со заедницата во душогрижништвото Свети Јосиф во Скопје.
На евхаристиското славење со епископот Стојанов сослужуваа о. Марјан Ристов, канцелар и економ воедно и душогрижник за верниците од источен обред во Скопје и о. д-р Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Свети Кирил и Методиј, директор на Македонски Каритас и Ректор на Светилиштето во Паљурци.
На светата Литургија присуствуваше и скопската заедница на сестрите Евхаристинки како и верници од душогрижништвото.
Во својата пригодна проповед епископот Стојанов изрази благодарност до Господа Бога и Пресвета Дева Марија под чија заштита се наоѓа Епархијата. Исто така изрази благодарност до Светиот Отец папата Фрањо кој ја препозна живата Црква во Македонија.
Осврнувајќи се на историјата на нашата помесна Црква истакна дека сме должни да се потсетиме и на нашите претходници: епископи, свештеници, чесни сестри, мајки и татковци, баби и дедовци, без чија вера и верност, ревност и храброст, понизност и великодушност, немаше да можеме да стигнеме до тука, да не бевме носени од нивната вера, истакна бискуп Стојанов.
По повод петатта годишнина од инаугурацијата на Струмичко – скопската епархија Успение на Пресвета Богородица и устоличувањето на првиот епарх, на овој ден во сите парохии ширум Македонија се служеше благодарствена света Литургија.
к.мк