Благодарност на Папата за свршетокот на Јубилејната година

Благодарност на Папата за свршетокот на Јубилејната година

Откако ја затвори Светата врата на Ватиканската базилика и ја затвори вонредната Година на милосрдието, папата Фрањо срдечно им се заблогодари на сите кои помогнаа околу организацијата и остварувањето на Јубилејот, после заедно со собраните ја измоли вообичаената пладневна молитва „Ангел Господов“.

Зборовите на Папата пред пладневната молитва ги пренесуваме во целост:

Драги браќа и сестри,

На крајот од оваа прослава да воздигнеме пофалба и благодарност до Бог за дарот на светата Година на милосрдието, за Црквата и за луѓето со добра волја. Со почит го поздравувам претседателот на Република Италија и присутните официјални делегации. Изразувам длабока благодарност до лидерите на Владите и другите институции за соработката и посветеноста. Искрена благодарност до полициските сили, за прием и информативните служби, службата на здравствените работници и волонтерите од секоја возраст и потекло. Посебно се заблагодарувам на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација како и на оние кои со нив соработуваа.

Благодарност упатувам до оние кои духовно придонесоа за успех на јубилејот: мислам на многу стари и болни луѓе кои постојано се молеа, принесувајќи го за Јубилејот исто така и своето страдање. Посебно се заблагодарувам на клаузурните монахињи во пресрет на Денот Pro Orantibus кој се одбележува утре.

Сите ги повикувам посебно да си спомнат на овие наши сестри кои целосно се посветени на молитвата и со потребната духовна и материјална солидарност.

Вчера во Авињон во Франција за блажен е прогласен отец Мари-Јуџин од Детето Исус од редот на босоносите кармелиќани основач на световниот институт „Богородица од животот“; Божји човек чувствителен на духовните и материјалните потреби на ближните. Нека неговиот пример и застапништво нѐ поддржуваат на патот на верата.

Сакам од срце да ве поздравам и сите вас кои од разни земји дојдовте на затворањето на Светата врата на базиликата Свети Петар. Нека Дева Марија на сите ни помогне во срцето да ги чуваме и да правиме да роди духовни дарови на Јубилејот на милосрдието.

 РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот