Бискупот Стојанов ја прими државната секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ

Бискупот Стојанов ја прими државната секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Киро Стојанов на 16 јули 2023 година во бискупската резиденција во Скопје ја прими државната секретарка на Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска Андреја Метелко – Згомбиќ во придружба на хрватската амбасадорка во Република Македонија Нивес Тигањ.

Бискупот Стојанов се заблагодари на државната секретарка Метелко – Згомбиќ на посетата и ја запозна со актуелните активности на Католичката црква во Македонија, тесната поврзаност со Црквата во Хрватска, а воедно изрази и радост за добрата соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија како и со државната канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска, не изоставајќи ја и посетата на Премиерот на Хрватска, на почетокот на април оваа година, господинот Андреј Пленковиќ.

Соговорниците се осврнаа и на некои актуелни случувања во општеството и теми поврзани со иднината на Европа, а воедно и подршката на Хрватска на Македонија на нејзиниот пат кон пристапните преговори и влезот во Европската унија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот