Бискупот Стојанов се сретна со отец Себастијан Шујевиќ, провинцијал на Хрватската провинција Исусовци

Бискупот Стојанов се сретна со отец Себастијан Шујевиќ, провинцијал на Хрватската провинција Исусовци

Во среда 17 април 2024 година во бискупската резиденција на Водно, Скопскот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов се сретна отец Себастијан Шујевиќ, провинцијал на Хрватската провинција Исусовци.

Средбата помина во срдечна братска атмосфера разговарајќи за дејноста на Црквата во Македонија со посебен акцент во Скопје каде што дејствуваат оците Исусовци, како и за духовните звања во бискупијата и провинцијата.

Соговорниците изразија благодарност за досегашната заемна соработка со желба за понатамошно пасторално дејствување за доброто на верниот Божји народ и Католичката црква во Македонија.

Отец Себастијан Шујевиќ овие денови се наоѓа во Скопје во визитација на своите собраќа, катедралниот парох о. Винко Маслаќ и парохискиот викар о. Томислав Рукавина, кои се на служба во Скопска бискупија и Катедралната парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот