Бискупот Стојанов сослужува на бискупската хиротонија на двајцата загрепски помошни бискупи

Бискупот Стојанов сослужува на бискупската хиротонија на двајцата загрепски помошни бискупи

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во сабота 31 јануари 2026 година, сослужуваше во Загрепската катедрала на бискупската хиротонија на двајцата помошни бискупи на Загрепската надискупија, монсињор Марко Ковач и монсињор Владо Разум.

Евхаристиското славење и хиротонијата ги предводеше надбискупот митрополит загрепски монсињор Дражен Кутлеша, а сослужители на хиротонијата беа надбискупот емиритус загрепски кардинал Јосип Бозаниќ и Апостолскиот нунциј во Хрватска монсињор Џорџо Лингва.

Епископот Стојанов го придружуваше деканот на деканатот „Свети Кирил и Методиј“, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, протојереј ставрофор отец д-р Зоран и. Стојанов.

Папата Лав XIV на 17 ноември 2025 година именува двајца нови помошни бискупи во Загрепската надбискупија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот