Бискупот Стојанов се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, д-р Гордан Грлиќ Радман
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во петок 27 февруари 2026 година служеше света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
Со епископот сослужуваа протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, патер Винко Маслаќ и протојереј ставрофор отец Марјан Ристов.
На богослужбата присуствуваше министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, д-р Гордан Грлиќ Радман, придружуван од хрватската амбасадорка во Македонија Н.Е. Нивес Тигањ и членови на неговата делегација: Лара Романо, Матија Очуршќак, Иван Мариќ, професор д-р Ванда Бабиќ Галиќ, Домагој Ливљаниќ и Ана Вучиќ.
По завршувањето на светата Литургија, бискупот Стојанов оствари средба со министерот Грлиќ Радман и членовите на неговата делегација. Средбата помина во срдечна атмосфера, при што бискупот го запозна министерот со животот и активностите на Католичката црква во Македонија и ја истакна досегашната добра соработка. Воедно беше изразено задоволство од пријателските односи и соработката меѓу Македонија и Хрватска, како и од континуираните врски и соработка меѓу Католичката црква во Македонија и Католичката црква во Хрватска. Соговорниците ја нагласија и подготвеноста овие односи да се продлабочуваат преку дијалог, меѓусебна поддршка и иницијативи од заемен интерес.
к.мк

