Бискупот Стојанов присуствува на благословот на новиот провинцијален манастир на Сестрите Служебници во Нови Сад

Бискупот Стојанов присуствува на благословот на новиот провинцијален манастир на Сестрите Служебници во Нови Сад

На 15 ноември 2025 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, придружуван од протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, во Нови Сад присуствува на благослов на новиот провинцијален манастир на сестрите Служебници, на провинцијата свети Јосиф во Србија.

Покрај епископот Стојанов на свеченоста присуствуваа Апостолскиот нунциј во Република Србија монсињор Санто Роко Гангеми, епископот Геориј Џуџар, епарх во Србија, бискупот до Суботица Ференц Фазекаш, како и свештеници од Србија, Унгарија, Украина и Македонија, Генералната настојателка на Сестрите Служебници, сестра Софија Лебадович, провинцијалната сестра во Србија сестра Мартина Кмита, провинцијалните настојателки на провинциите во Полска, Словачка и Украина.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот