Бискупот Стојанов го прими Звонимир Милас, државен секретар во Владата на Република Хрватска за Хрватите надвор од Хрватска
Во четврток 30 октомври 2025 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во Бискупската резиденција на Водно го прими г. Звонимир Милас, државен секретар во Владата на Република Хрватска за Хрватите надвор од Хрватска. На средбата присустваа патер Винко Маслаќ, о. д-р Зоран И. Стојанов, о. Марјан Ристов, амбасадорката на Хрватска во Македонија госпоѓа Нивес Тигањ, д-р Милан Бошњак и Ана Вучиќ,
Средбата помина во срдечна и конструктивна атмосфера. На крајот од средбата беа разменети пригодни подароци.
к.мк
Категорија:
Uncategorized

