Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Франција во Македонија

Бискупот Стојанов го прими амбасадорот на Франција во Македонија

На 23 јули 2021 година во Бискупската резиденција во Скопје бискупот Стојанов го прими во куртоазна посета амбасадор на Франција во Македонија, неговата екселенција г-дин Сирил Бомгартнер.

На средбата бискупот Стојанов го запозна амбасадорот Бомгартнер за животот и активностите на Католичката црква во Македонија, а воедно и за мисијата на француските мисионери во свое време, при што е истакната грижата и придонесот на Католичката црква за меѓурелигискиот и меѓуетничкиот соживот.

На средбата исто така стана збор за активностите на Католичката црква во Македонија на каритативно и едукативно поле, при што амбасадорот беше запознат со грижата на Црквата за луѓето во потреба, посебно преку активностите на Македонски Каритас.

Средбата заврши со желба за продлабочување на соработката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот