На 6 август, 2023 година на празникот Преображение Господово, според Грегоријанскиот календар, во преполнетата црква „Свети Кирил и Методије и свети Бенедикт“ во Охрид Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх служеше света архиерејска Литургија, во сослужение со парохот отец Оливер Тантушев/
На светата Литургијата покрај верниците од Охрид присуствуваа и верници од повеќе земји како и академскиот хор при Салезијанскиот универзитет од Гливице, Полска, кој пееше за време на Литургијата.
На проповедтта бискупот Стојанов истакна колку е важно да го слушаме Бога и неговиот глас како што и апостолите Петар, Иван и Јаков слушнаа глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го“. Понатаму тој го спомна и одржувањето на 37. Светски ден на млади во Лисабон, Португалија, каде што повика да се молиме за младите кои се наоѓаат на заедничка света Литургија со Светиот Отец во Лисабон и посака од таа средба да се вратат духовно збогатени и во своите средини да бидат вистински сведоци, евангелизатори и неустрашиви борци за Христовата вера и Црква.
Ватикан њуз/к.мк