За време на светата Литургија на 18 септември 2022 година во парохиската „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов го воведе во служба новиот парох во Битола и администратор во Прилеп дон Томаш Бак, досегашен управител на Духовниот центар во Куманово.
За време на обредот бискуп Стојанов истакна дека парохијата во Битола има долга и богата историја, каде голем број свештеници и чесни сестри верно служеле на Црквата, неуморно грижејќи се за Божјиот народ.
Дон Томаш Бак е свештеник од Полска, кој во Скопската бискупија служи од 30 декември 2015 година.
Ватикан њуз /к.мк