Бискупот Стојанов беше еден од епископите посветители на хиротонијата на монс. Румен Станев

Бискупот Стојанов беше еден од епископите посветители на хиротонијата на монс. Румен Станев

На 17 јануари 2021 година Н.В.П. монс. Киро Стојанов во конкатералата „Свети Јосиф“ во Софија сослужуваше на хиротнијата на монс. Румен Станев и беше еден од епископите посветители, покрај монс. Георги Јовчев, кој воедно ја предводеше светата Литургија и хиротонијата и монс. Христо Пројков, а сослужуваше и Апостолскиот нунциј Н.Е. монс. Анселмо Гвидо Пекорари.

На светата Литургија присуствуваа свештеници, монаси и монахињи од трите католички епархии во Бугарија. Имаше официјална делегација од Бугарската православна црква и претставници на другите верски заедници во Бугарија, претставници на државните и градските власти,  како и членовите на дипломатскиот кор. Поради епидемиолошки мерки присуството беше ограничено само на поканетите гости.

Хиротонијата е древен црковен обред на кој тројца епископи ги положуваат рацете на новиот епископ, изговарајќи посебна молитва. Двајцата свештеници го држат Евангелието над главата на избраниот, бидејќи неговата задача ќе биде да го навестува Словото Божјо. После тоа, на новиот епископ свечено му се дава прстен, евангелие, митра и жезол. Се помазува со миро како знак на полнота во учеството на Христовото свештенство. На почетокот на церемонијата беше прочитан декретот, со кој Светиот Отец папата Фрањо го именува отец Румен Станев за помошен епископ на Софиско пловдивската бискупија и титуларен епископ на Симидика.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот