На 6 мај, бискупите на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина имаа средба со Папата во Ватикан во рамките на нивната официјална посета на Светиот Отец и телата на Римската Курија.
Како што изјави претседателот на Конференцијата, надбискупот врхбосански Томо Вукшиќ за ватиканските медиуми по аудиенцијата, тие биле со Папата речиси час и половина.
„Светиот Отец се интересираше за сите теми кои во тој час и половина може да се изнесат на скратен начин, започнувајќи од радоста на нашата Црква и нашето проповедање, пасторалното делување до општествени прашања и општествени прилики, внатрешни црковни прашања како што е организирање на секојдневно душогрижништво во нашите парохии, организирање на едукација на идните свештеници, организирање на работата на нашите вероучители во училиштата, катехистите воопшто, така што од средбата излеговме презадоволни, имавме впечаток дека и тој исто така е многу задоволен“, рече надбискупот.
Аудиенцијата помина „во пријателско расположение“ и во опуштена атмосфера, иако се работеше за сериозен разговор, истакна монс. Вукшиќ.
Епископите на Босна и Херцеговина на 3 мај ја започнаа својата посета „ad limina Apostolorum“, а во Рим ќе останат до 8 мај. Имаат вкупно 16 адреси кои бискупите ќе ги посетат до крајот на својата посетата.
Деновиве бискупите служеа света Литургија во римските базилики, а синоќа врхбосанскиот надбискуп Вукшиќ ја предводеше светата Литургија во хрватската црква Свети Јероним.
Ватикан њуз/к.мк