Библиски стихови поврзани со вечниот живот

Библиски стихови поврзани со вечниот живот

Од големиот број библиски стихови кои зборуваат за вечниот живот за оваа задушница избравме неколку кои ви ги пренесуваме со кратки коментари.

Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат (Псалм 22,4).

Овој стих од Псалмите нѐ потсетува дека смртта е само сенка. Таа минува за момент, но не може трајно да го повреди верникот. Тоа може и вака да се опише: Долина на смртта нема темнина за Божјото дете. Мора да постои светлина, инаку не би постоела сенка. Исус е светло. Тој ја победи смртта.

Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас (Иван 14,2-3).

Многумина веруваат дека смртта е крај на животот, но христијаните знаат дека смртта е премин од смрт во живот и тоа вечен живот. Кога Исус умре на крстот и беше погреба, него смртта не го задржа, туку воскресна и се вознесе на небесата каде отиде да ни подготви место. Ние христијаните имаме голема утеха која ни доаѓа од Воскреснатиот Христос, а тоа е дека нашите покојни кои веруваа во Христа сега се со него на она место кое Бог го приготви за оние кои го љубат, Небото. Наместо да тагуваме затоа што си мислиме дека никогаш повеќе нема да ги видиме, можеме да се веселиме на нашата идна средба со нив и со Христо во вечноста, која приготвена и за нас.

Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него (1 Солунјаните 4,13-14).

Надежта во воскресението понекогаш е единствената работа која нѐ чува потполно да не паднеме во очај и да не опфати трајна тага. Како што вели апостолот во Првото послание до Коринтјаните 15,19: „Ако само во овој живот се надеваме на Христа, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.“ Надежта на верникот се протега многу подалеку од нашите смртни животи. Христос не дојде само да ни да даде подобар живот овде на земјата. Умре и воскресна од мртвите за да ни докаже дека постои воскресение за секој кој верува во него. Заради тоа може да бидеме исполнети со надеж, дури и кога жалиме.

к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот