Атентатот нема да ја запре мировната мисија на Папата во Египет

Атентатот нема да ја запре мировната мисија на Папата во Египет

Атентатот во Египет нема да го запре Папата кој ќе остане со намерата да ови во таа земја на 28 и 29 април – рече надбискупот на Џовани Анџело Бечу, заменик за општи работи во Државниот секретаријат во разговор за италијанскиот веснк Кориера дела Сера.

Тоа што се случи поттикнува немир и големо страдање, но не може да се спречи извршувањето на мировната мисија на Папата, истакна и објасни: За жал очигледно е дека тие атентати се напад на дијалогот, на мирот и индиректна порака на оние кои ја водат земјата, и тоа против христијанското малцинство кое во последно време на некој начин доби повеќе слобода.

Дијалогот е, освен тоа, начин за изолирање на фундаменталистите, а од самиот почеток на појавата на ИСИС – рече надбискупот – Папата сака да ги разликува терористички дела кои ги прават фанатиците воздигнати со самата вера. Секогаш одбиваше да го поврзува исламот како таков со тероризмот. Терористите можат да бидат некои девијантни муслимани, но не и религијата. Тоа муслиманите му го признаваат, ја признаваат искреноста на неговите ставови. Голем број угледни муслимански претставници се сретнале со Светиот Отец за да му се заблагодарат, а голем број му пишуваа со восхит заради неговиот морален авторитет – рече надбискупот Бечу.

На новинарско прашање за проблемот со трговијата со оружје, за што Папата често зборува, заменикот за општи работи во Државниот секретаријат истакна дека кој се занимава со трговија со оружје има интерес за поттикнување на тензија и војна, за да се продаде повеќе оружје и заработката да биде поголема. А Папата знае што се случува, каква е реалноста и кои лоби се во игра – истакна надбискупот.

Што се однесува пак до патувањето во Египет, надбискупот Бечу потсети дека повеќе пати се случи да се поттикнат прашања за безбедноста, стравот од атентат, како на пример во Централноафриканската Република заради тамошната ситуација. Организацијата тогаш беше сведена на минимум, но сè добро помина рече и додаде: Во Египет ни загарантираа дека сè ќе помине најдобро затоа одиме мирни. Не сокривајќи ја реалноста која понекогаш не е охрабрувачка. Папата ги повикува сите со надеж да гледаат во иднината. И како секогаш сака да даде пример – рече на крајот надбискупот Бечу.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот