По средбата на Папата со претставниците од Католичката Црква од источен обред во Украина, архиепископот Свјатослав Шевчук одржа конференција за печатот на која го истакна на прво место хумнитарното прашање, потоа децата кои настрдаа во конфликтите и поканата до Папата за да ја посети Украина.
Тоа беше средба на која Папата ја „зеде на себе“ болката на украинскиот народ. Тоа беше момент на слушање и размислување и милосна прилика заради поттикнувањата на папата Фрањо до Источнaта Католичка Црква во Украина и до другите Источни Католички Цркви за да се развијат и да процветат. Започна нова методологија на заедништво помеѓу Петровиот наследник и Источните Цркви со надеж дека ќе стане постојана пракса – рече киевско–халичкиот архиепископ Свјатослав Шевчук на конференцијата за печат која ја одржа на 8 јули 2019 година во просториите на Радио Ватикан по дводневната средба на Папата со епископите и митрополитите и членови на Постојаниот Синод на Источната Католичка Црква во Украина во присуство на префектите на надлежните дикастерии на Римската Курија.
На првиот ден од средбата го поканивме Светиот Отец во Украина затоа што неговата посета може да биде елоквентна и симболична можност да се запре конфликтот во Донецкскиот басен – рече надбискупот Шевчук и истакна: Папата Фрањо одговори дека ќе размисли. Надбискупот потсети дека Украина веќе 5 години живее со последиците од војната во источниот дел од земјата и хуманитарната криза која предизвика 13.000 загинати и 30.000 ранети. (…)
Хуманитарното прашање беше една од темите на средбата на која Папата постојано беше присутен, рече надбискупот Шевчук и предупреди, за неколку месеци ќе имаме еколошка катастрофа затоа што речиси четири милиони луѓе ќе немаат пристап до питка вода. Вниманието на Папата на посебен начин го привлекоа илјадниците деца изложени на конфликтите кои се жртви на осакатување заради прекумерното загадување со експлозивен материјал.
Размислувајќи како посебно да им се помогне на најмалите, освен потфатот „Папата за Украина“ кој е свртен кон сите кои страдаат за да обезбеди сместување, греење, храна, лекови и психолошка грижа – рече надбискупот, Црквата сега отвора можност за рехабилитација за оние кои во војната ги изгубиле екстремитетите, па заради тоа можеби се принудени да одат во странска земја на лекување. Во Украина се обидува да се отвори рехабилитациски центар во соработка со Светиот Престол. (…)
На средбата со папата Фрањо се разговараше и за екуменското прашање бидејќи во земја од 40 милиони население, 71% се изјаснуваат за православни и 14% за католици од источен обред – рече надбискупот Шевчук. Тој ја нагласи волјата на Источната Католичка Црква во Украина за дијалог со сите. (…)
Ватикан њуз/к.мк