На 14 февруари 2023 година Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Неофит го прими новиот апостолски нунциј монсињор Лучано Суријани. Средбата се одржа во зградата на Софиската Митрополија.
На почетокот од средбата, монсињор Лучано Суријани го пренесе братскиот поздрав на папата Фрањо до бугарскиот патријарх Неофит и Бугарската православна црква и сподели за неговото служење во Србија. Нунцијот истакна дека својата мисија во Бугарија ќе ја посвети на свети Иван XXIII (папа Анџело Ронкали), кој исто така своевремено беше нунциј во Бугарија.
За време на приемот беа споделени традиционално добрите односи меѓу Католичката Црква и Бугарската православна црква, а од името на Софиската митрполија беше изразена благодарност за подарените мошти на свети Потит Сердски и свети Климент Римски, кои се чуваат во храмот „Света Софија“. Средбата заврши со желби за добро служење и братски односи.
Новиот претставник на ватиканската дипломатија го замени надбискупот Анселмо Гвидо Пекорари, кој беше Апостолски нунциј во Бугарија и Македонија до 31 декември 2021 година. За време на неговото служење папата Фрањо ја посети Бугарија и Македонија во мај 2019 година.
Неговата Светост папа Фрањо во пресрет на празникот на сесловенските апостоли Свети Кирил и Методиj, според јулијанскиот календар, 21 мај 2022 година, за нов Апостолски Нунциј во Македонија го именува Неговата Екселенција надбискупот Лучано Суријани.
Ватикан њуз/к.мк