Апостолскиот нунциј Суриани ќе служи заупокоена света Литургија за папата Фрањо

Апостолскиот нунциј Суриани ќе служи заупокоена света Литургија за папата Фрањо

Апостолската нуцијатурата во Македонија на 28 април 2025 година со вербална нота до Министерството за надворешни работи на Македонија, дипломатските мисии и претставништва на меѓународните организации, акредитирани во Македонија, со длабока тага соопштува за упокојувањето на папата Фрањо.

Во соопштението се истакнува дека папата Фрањо знаеше да води дијалог со луѓето од нашето време со простодушност и искреност, барајќи го секогаш она што нé обединува и нé поттикнува да се препознаеме како браќа, при тоа цитирајќи од неговиот тестамент: „Господ нека им даде заслужена награда на оние кои ми посакуваа добро и кои ќе продолжат да се молат за мене. Страдањата во последните моменти од мојот животот, Му ги принесувам на Господ за мир во светот и братство меѓу народите.

Покрај тоа во соопштението стои дека ќе биде отворена Книга на жалост во катедралата катедрала „Пресвето Срце Исусово“, во Скопје на 5 мај 2025 година од 9:30 до 18:00 часот, кога ќе започне Света Литургија за упокоение на душата на папата Фрањо, која ќе ја служи во катедралата Апостолскиот нунциј Н.В.П. монсињор Лучано Суриани во заедништво со Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов.

Сочувства можат да се испраќаат на електронската пошта на Апостолската нунцијатура: nunziatura.bulgaria@gmail.com.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот