Апостолскиот нунциј во Македонија за време на својот дводневен престој во Скопје на 17 декември 2020 година заедно со епископот Киро Стојанов се сретнаа со архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
На средбата нунциот Пекорари ги пренесе до архиепископот Стефан поздравите на Светиот Отец папата Фрањо, а потоа соговорниците се осврнаа на историскиот настан за апостолската посета на 7 мај и доаѓањето на папата Фрањо во Македонија, како и на неговите зборови на охрабрување и надеж, а кои се голем придонес во изградбата на единството и соживотот.
Преку медиумските рефлексии можевме да ги видиме настаните кои ја одбележаа минатата година кај нас и помеѓу другите доаѓањето на папата Фрањо во Македонија беше историски и најголем и беше со најголем оддек. Благодарни сме за неговото доаѓање како и за сеќавањето на неговите говори при неговите аудиенции. Исто така пренесете му ги на Неговата Светост моите поздрави и го очекуваме неговото второ доаѓање“ – рече архиепископот охриски и македонски г.г. Стефан.
На крајот од срдечната средба соговорниците разменија дарови, а апостолскиот нуцниј на архиепископот г.г. Стефна му подари монографија од Апостолската посета во Бугарија и Македонија, а во издание на Апостолската нунцијатура.
Ватикан њуз/к.мк