Апостолската милостилница ја одобри можноста за добивање потполн опрост во цел месец ноември

Апостолската милостилница ја одобри можноста за добивање потполн опрост во цел месец ноември

Апостолската милостилница издаде Декрет со кој се продолжува можноста за добивање потполн опрост заради траење на пандемијата и епидемиолошките мерки. Слична мерка е преземена во 2020 година.

Со објавата на декретот на Апостолската милостилница утврдена е можноста за добивање потполн опрост за покојните во текот на цел месец ноември. Во документот е наведено дека причината за одлуката биле разните молби примени од разни свети пастири на Црквата кои тоа го бараа заради траењето на пандемијата.

Како што се наведува во Декретот, Апостолската милостилница ги потврдува и продолжува за цел месец ноември 2021 година сите духовни благодати веќе доделени на 22 октомври 2020 година.

Од обновената великодушност на Црквата верниците сигурно ќе црпат побожни накани и духовна сила својот живот да го насочат кон евангелскиот закон, во синовско заедништво и посветеност на Папата, видливиот темел и пастирот на Католичката Црква се наведува меѓу останатото во Декретот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот