Денес, 27 април 2018 година во пограничното село Панминчжон ќе се одржи средба на претседателот на Јужна Кореја Мун Је Ин и претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Овaа средба е милосна можност за започнување на искрен дијалог, конкретен пат за помирување и повторно воспоставување на заедништво, кое треба да обезбеди мир на Корејскиот Полуостров и целиот свет.
По тој повод за време на Генералната аудиенција во среда 25 април папата Фрањо упати апел за Корејскиот полуостров.
„На Корејскиот народ, кој многу го посакува мирот, му ја гарантирам мојата лична молитва и близината на целата Црква“ – рече папата Фрањо и додаде: „Светиот Престол ги следи, поддржува и поттикнува сите корисни ангажирања за изградба на подобра иднина, кои ќе бидат во знакот на средба и пријателство меѓу народите. Оние кои имаат директна политичка одговорност, молам храбро и со надеж да бидат „градители на мирот“ и ги поттикнувам со доверба да продолжат по патот за доброто на сите. Бог е Отец на сите и Отец на мирот, затоа ве повикувам да го молите нашиот Бог Отец, Отец на сите луѓе, за корејскиот народ, како за оние на Југот, така и за оние на Северот – рече Светиот Отец.
РВ/к.мк