По повод празникот на светите Кирил и Методиј, папата Фрањо во недела 14 февруари 2021 година, изрази желба во христијанските цркви да се зголеми желбата да зачекори кон целосно единство, почитувајќи ја различноста.
На денешниот празник Свети Кирил и Методиј, евангелизатори на словенските земји кои папата Иван Павле II. ги прогласи за заштитници на Европа од сѐ срце ги поздравувам сите заедници што живеат на териториите кои ги евангелизираа светите браќа. Нивното застапништво нека помогне да се најдат нови патишта за ширење на евангелието. Двајцата браќа не се плашеа да најдат нови патишта за ширење на евангелието. Преку нивниот говор во христијанските цркви нека расте желбата да се чекори кон целосно единство со почитување на различноста во – рече Папата во дел од своето обраќање по молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк