Сите мора да се придржуваат на ограничувањата кои се поставени со меѓународното хуманитарно право
Утре се одржува 70 годишнина од Женевската конвенција, важен меѓународно прасно средство кое наметнува ограничување на употреба на сила, а со цел да се заштитат цивилите и зарбоениците во војна – рече папата Фрањо после молитвата Ангел Господов на 11 август 2019 година.
Годишнината нека ги направи сите држави свесни на неопходните потреби за заштита на животот и достоинството на жртвите од вооружените судири. Сите мора да се придржуваат на ограничувањата кои се поставени со хуманитарното меѓународно право, штитејќи го невооруженото население и цивилните структури, посебно болниците, училиштата, местата за богослужби и бегалските кампови. Да не заборавиме дека војната и тероризмот секогаш се губиток за целото човештво – рече на крајот Папата, поздравујваќи ги присутните верници поклоници
Ватикан њуз/к.мк