Во своето пладневно обраќање по повод празникот Христос Царот, на 21 ноември 2021 година Папата ги поттикна верниците секој ден да ја бараат Христовата вистина, кој ги прави срцата на своите ученици слободни и возвишени, однесувајќи се со нив како кон пријатели, а не како поданици. Кога сме со Него, не стануваме расипани, лажни; без маска сме, не водиме двоен живот
Папата Фрањо во своето пладневно обраќање ги охрабри верниците секој ден да ја бараат Исусовата вистина. Коментирајќи дел од евангелие според Иван од Литургијата, наменето за празникот Христос Царот, Папата истакна дека Исус не доаѓа да владее, туку да служи. Тоа не доаѓа со знаци на сила, туку со сила на знаци. На себе нема скапоцени обележја, туку е гол на крстот. А токму со натписот поставен на крстот Исус беше наречен „цар“. Неговото царство е навистина надвор од човечките мерила! Би можеле да кажеме дека тој не е цар како другите, туку Цар за другите – рече Папата.
Истакнувајќи потоа дека Христос вели дека е цар во време кога мноштвото е против него, додека кога мноштвото го следело и му воскликнувало, тој се повлекол. Папата нагласи дека тоа покажува дека тој е независно ослободен од желбата за престиж и земна слава. Знаеме ли да го имитираме во тоа? Светиот Отец праша. Дали знаеме да ја контролираме нашата склоност кон другите постојано да не бараат и фалат, дали правиме се за да не ценат другите? Во она што го правиме, посебно со нашата христијанска посветеност, дали се важни аплаузите или служењето?
Исус, не само што избегнува секаква потрага по земната величина, туку ги прави слободни и возвишени срцата на оние што го следат. Така нè ослободува од подложноста на злото затоа што неговото царство ослободува, нема никаква принуда. Секој ученик го третира како пријател, а не како поданик. Христос, иако е над сите суверени, не повлекува линија на одвојување меѓу себе и другите; напротив, сака да има браќа со кои ќе ја сподели својата радост. Наследувајќи го не се губи достоинството, туку се стекнува. Христос не сака сервилност околу себе, туку слободни луѓе – истакна Папата.
Прашувајќи се од каде доаѓа слободата на Исус, Папата објасни дека таа доаѓа од вистината. Неговата вистина е таа што нè ослободува. Но, вистината за Исус не е нешто апстрактно; тоа е реалноста, Тој Самиот ја создава вистината во нас, нè ослободува од илузиите и лагите што ги имаме во себе. Кога сме со Исус стануваме вистинити. Христијанскиот живот не е претстава во која може да се стави маската која најмногу одговара – истакна Папата и објасни – Кога Исус владее во срцето, го ослободува од лицемерие, итрина, дволичност. Најдобар доказ дека Христос е наш цар е одвојувањето од она што го загадува животот со тоа што го прави двосмислен, матен, тажен. Се разбира, секогаш треба да се справуваме со ограничувањата и недостатоците; сите сме грешници. Но, кога некој живее под власта на Исус, не станува корумпиран, лажен, склон да ја прикрива вистината. Не води двоен живот.
Ватикан њуз/к.мк