Во пладневниот наговор пред молитвата Ангел Господов во недела 18 јули 2021 година Папата го истакна односот помеѓу одморот, контемплацијата и сочувствувањето.
Папата на верниците собрани на плоштадот Свети Петар ги предупреди на две клучни пораки кои можеме да ги прочитаме од Исусовото однесување во Евангелието од денешната Литургија (Мк 6, 30-34). Најпрво тоа е односот кон одморот. Додека апостолите, возбудени ги раскажувале своите дела, Исус благо ги повикува на одмор и осаменост. Иако се радува заедно со нив, загрижен е заради нивниот физички и внатрешен умор. Сака да ги предупреди на опасноста која ни се заканува и на нас – да бидеме зафатени од брзањето на работа, да паднеме во замката на активизмот каде поважни резултатите и доживувањето дека ние сме протагонисти. Колку пати тоа се случува во Црквата: зафатени сме, трчаме наоколу, мислиме дека сѐ зависи од нас и на крајот Го занемаруваме Исус, предупреди Светиот Отец.
Токму затоа Исус ги повикува апостолите не само на физички одмор, туку и на одмор на срцето. Не е доволно да се „исклучиш“. Потребен ни е вистински одмор во кој се враќаме на самата суштина на работите – застануваме, остануваме во тишина, молиме и брзањето за работата да не го пренесеме и во моментите на одмор. Исус не ги занемарувал потребите на мноштвото, но секој ден пред било која друга задача, се повлекувал во молитва, тишина, во заедништво со Отецот, потсети Папата.
Сепак нагласи во Евангелието гледаме како Исус и апостолите не можеле да се одморат како што сакале. Мноштвото ги наоѓало, а Господ во тој момент е обземен од сочувствување. Таа е втората порака. Изгледа противречно како Исус повторно започнува да поучува, но во реалноста срце кое не го дозволува брзањето и оптеретеноста од задачите свесно е за другите, за нивните рани и потреби. Сочувствувањето се раѓа од контемплацијата. Ако научиме навистина да се одмориме ќе можеме навистина да сочувствуваме. Потребна ни е „екологија на срцето“ која ја прави одморот, контемплацијата и сочувствувањето. Затоа да го искористиме летото токму за тоа! – поттикна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк