Ангел Господов: Сите нека бидат прифатени и сакани, без етикети и предрасуди

Ангел Господов: Сите нека бидат прифатени и сакани, без етикети и предрасуди

Две чуда, едното исцелување, а другото воскресение, беа тема на обраќањето во недела 30 јуни 2024 година, кое светиот отец Фрањо го упати на верниците собрани на плоштадот Свети Петар пред молитвата Ангел Господов.

Папата потсети дека и двете исцелувања, раскажани во Евангелието, се случуваат преку физички контакт. „Имено, жената ја допира Исусовата облека, а Исус ја фаќа девојката за рака. Зошто е важен „допирот“? Затоа што овие две жени – едната затоа што крвари, а другата затоа што е мртва – се сметаат за нечисти и затоа не може да има физички контакт со нив „Наместо тоа, Исус си дозволува да биде допрен и не се плаши од допирот“, нагласи Светиот Отец.

Дури и пред физичкото исцелување, Тој го поткопува погрешното верско сфаќање, според кое Бог го одвојува чистото на една и нечистото на друга страна. Бог всушност не го прави ова раздвојување, бидејќи сите ние сме Негови деца. Нечистотијата не доаѓа од храна, болест или дури и смрт, туку нечистотијата доаѓа од нечистото срце.

„Да го научиме ова: пред страдањата на телото и духот, рани на душата, ситуации кои нè кршат, па дури и пред гревот, Бог не нè оддалечува од Себе. Напротив, Бог е Оној кој те зема за рака и те крева, Тој е оној што дозволува да го допре твојата болка и да те излечи и да ти го врати животот. Никој не дискриминира – затоа што сите ги сака. Но дали навистина веруваме дека Бог е таков?“ – праша Светиот Отец и продолжи:

Дали дозволуваме да нè допре Господ, неговото Слово, неговата љубов? Дали влегуваме во односи со нашите браќа и сестри, посегнувајќи да им помогнеме повторно да се подигнат или се држиме настрана и ги етикетираме луѓето врз основа на нашите вкусови и преференции? Дали Бог, Господ Исус, ги етикетира луѓето? Секој сам нека си одговори. А јас, дали живеам постојано етикетирајќи луѓе? Браќа и сестри, да погледнеме во Божјото срце, затоа што ни треба Црква и општество кое никого не исклучува, кое никого не третира како „нечист“,секој со својата историја да биде прифатен и сакан, без етикети и предрасуди.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот