На Исус не му требаат обожаватели, туку сведоци, порача папата Фрањо во обраќањето пред молитвата Ангел Господов на празникот свети Петар и Павле, 29 јуни 2021 година.
И двајцата првоапостоли не биле гледачи, туку протагонисти на Евангелието, верувале не со зборови, туку со дела – истакна Папата. Петар не зборувал за својата мисија, бил рибар во душата, Павле на своите патувања и во сведоштвата не пишувал учени книги, туку писма полни со живот. Двајцата живееле во служење на Господ и на своите браќа и сестри – речеПапата.
Тоа е „провокација“ за денешните христијани затоа што сме во опасност да изразуваме ставови, да имаме сјајни идеи и да се користиме со убави зборови без вистинско лично вклучување. Само колку пати кажуваме дека сакаме Црква верна на Евангелието, поблиска до луѓето, пророчка и мисионерска – но ништо конкретно не правиме – предупреди Светиот Отец. Колку е тажно да се види колку раскажуваат, коментираат и расправаат, но само ретки сведочат – оцени Папата додаваќи: Петар и Павле ги имале своите мани, но тоа ги прави уште поверодостојни.
Сведоците не се губат во зборовите, туку донесуваат плод. Не се жалат од другите и светот, туку започнуваат од себе самите. Потсетувајќи дека на Бог не треба да се објави, туку да се покаже, не со прокламации, туку со пример – истакна Папата. Нашето сведоштво започнува со вистината за нас самите, со борбата против сопствената дволичност и лага. Господ преку нас може да прави големи работи ако не се посветиме на сопствениот имиџ, туку ако бидеме искрени со Него и ближните – заврши Папата.
Ика/к.мк