Ангел Господов: Папата моли за синодата и за мир

Ангел Господов: Папата моли за синодата и за мир

За време на пладневна молитва Ангел Господов во недела, 27 октомври 2024 година, папата Фрањо повика на молитви за штотуку завршената синода. „Да ​​молиме се што направивме овој месец да биде за доброто на Црквата“, рече Папата, а потоа повика и на молитва за мир во светот.

„Ве молам, да продолжиме да молиме за мир, особено во Украина, Палестина, Израел, Либан – ескалацијата да престане и да се почитува човечкиот живот, кој е свет, тоа треба да е на прво место! Први жртви се секогаш цивили, тоа го гледаме секој ден, има премногу невини жртви! Секојдневно гледаме масакри на деца! Премногу! Да ​​молиме за мир“.

Папата ја спомена и Женевската конвенција, која ја слави својата 75-годишнина: Нека овој настан ја разбуди совеста за почитување на животот и достоинството на луѓето и народите во вооружените конфликти – како и заштитата на цивилните институции и местата за богослужби, според меѓународното хуманитарно право. Тажно е да се види како на некои места за време на војните болници и училишта се уништени “.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот