Во обраќањето на молитвата Ангел Господов во недела 22 август 2021 година, папата Фрањо истакна дека „Бог стана човек од крв и месо: тој се понижи толку многу што стана човек како нас, се понижи до тој степен што ги презеде врз себе нашите страдања и нашиот грев и бара од нас да го бараме, но не надвор од животот и историјата, туку во односот на Христос и браќата“.
Евангелието од денешната литургија ни ја покажува реакцијата на мноштвото и учениците на Исусовиот говор по умножувањето на лебовите, рече папата Фрањо на почетокот на своето обраќање на плоштадот Свети Петар. Исус повика да се толкува тој знак и да се верува во него, кој е вистинскиот леб што слезе од небото, лебот на животот; и тој објави дека лебот кој ќе го даде Тој е неговото тело и неговата крв. Овие зборови звучат горчливи и неразбирливи за ушите на луѓето, така што од тој момент, се вели во Евангелието, многу од неговите ученици отстапија од него, односно престанаа да го следат Учителот. Тогаш Исус ги прашува дванаесеттемината: „Да не сакате и вие да си отидете?” А Петар, во име на целата група, ја потврдува одлуката да остане со него, истакна Папата.
Фокусирајќи се на ставот на оние што одлучија да престанат да го следат Исус, Папата размислуваше за причината на ова одбивање. Зборовите на Исус предизвикуваат голема соблазна: Тој вели дека Бог одлучил да се објави самиот себе и да донесе спасение во слабоста на човечкото тело. Тоа е тајната на овоплотението. Токму Божјото воплотение е она што предизвика соблазна кај тие луѓе – но често и кај нас – претставува одредена пречка, истакна Петровиот наследник.
Имено, Исус вели дека тој е вистинскиот леб на спасението, кој донесува вечен живот, само неговото тело е тој леб на спасението. Вели дека за влез во заедништвото со Бога, од одржувањето на законите и верските прописи, поважно е да се биде во конкретно и вистинско заедништво со него. Затоа што спасението дојде од него, преку неговото воплотување. Ова значи дека не треба да го следиме оној Бог како што го замислуваме во нашите соништа и слики на величина и моќ, туку треба да го препознаеме во Исусовото човештвото и според тоа, кај браќата и сестрите што ги среќаваме секој ден на нашиот животен пат. Бог се воплоти и кога го велиме тоа, во Символот на верата, на Божиќ, Благовештението, клекнуваме на колена за да се поклониме на тоа таинство на воплотување. Бог стана човек од месо и крв: тој се понизи толку многу што стана човек како што сме ние, се понижи до тој степен што ги презеде врз себе нашите страдања и нашиот грев и бара од нас да го бараме, но не надвор од животот и историјата, туку во односот со Христа и браќата. Мораме да го бараме во животот, во историјата, во секојдневниот живот. Ова, браќа и сестри, е патот што води до средба со Бога: однос со Христос и браќата, истакна Светиот Отец.
Но, и денес, Божјата објава во Исусовото човештвото може да биде соблазна и не е лесно да се прифати, нагласи Папата. Ова е она што свети Павле го нарекува „лудост“ на Евангелието во однос на оние кои бараат чуда или мудроста на светот. Оваа „соблазна“ денес е прекрасно претставена во светата тајна Евхаристија: каква смисла има во очите на светот, да клекнете пред тоа парче леб? Зошто воопшто да се јаде тој леб? Светот се соблазнува.
Откако Исус нахрани илјадници луѓе со пет леба и две риби, сите го величаа и сакаа да му искажат чест, која се дава на победник, сакаа да го направат цар. Но, откако Тој самиот објасни дека овој чин е знак на Неговата жртва, односно дарување на Неговиот живот, дарување на Неговото тело и Неговата крв, и дека оној што сака да Го следи, мора да биде сличен на Него, Неговото човештво е дарувано за Господ и за другите, тоа многу не им се допадна, тој Исус нѐ доведува во криза. Напротив, да се загрижиме ако не нѐ носи во криза, бидејќи можеби ја разводнивме неговата порака! И молиме за милост да дозволиме да се предизвикаме и да се преобратиме на неговите „зборови за вечен живот“, заврши папата Фрањо во своето обраќање.
Ватикан њуз/к.мк