Ангел Господов: Ниту едно дете не е грешка, да научиме да му се восхитуваме на дарот на животот

Ангел Господов: Ниту едно дете не е грешка, да научиме да му се восхитуваме на дарот на животот

Во пладневниот говор пред молитвата Ангел Господов, која ја молеше во неделата на 22 декември 2024 година од Домот на Света Марта поради студот и настинката, Папата се осврна на средбата на Марија и Елисавета, жени среќни поради извонредниот дар на мајчинството

Неделниот говор пред молитвата Ангел Господов Папата го посвети на грижата за најмалите и радоста што бремените жени му ја носат на светот. Како што рече, „Евангелието ги претставува Марија и Елисавета, две жени среќни поради дарот на извонредното мајчинство: Марија неодамна го зачна Исус, Спасителот на светот, а Елисавета, и покрај нејзината возраст, го носи Иван Крстител во својата утроба, кој ќе го подготви патот за Месијата“.

Папата Фрањо истакна дека „размислувањето за неверојатните знаци на Божјата спасоносно делување не треба да направи да се чувствуваме далеку од Него, туку треба да ни помогне да го препознаеме Неговото присуство и Неговата љубов кон нас, изразена во дарот на секој живот и секое дете кое го носи мајката во нејзината утроба“.

Потоа додаде: „Има многу мајки со деца на плоштадот, можеби некои кои се во радосно исчекување. Благословувајте ги мајките и дајте слава на Бога за чудото на животот!“, ги охрабри насобраните папата Фрањо и продолжи:

„Деновиве создаваме празнична атмосфера со светилки, украси и празнична музика. Сепак, да се потсетиме да изразиме радост секогаш кога ќе сретнеме мајка која носи бебе во раце или во прегратка. Во секоја мајка на светот, нека се слави и прослави името Божјо, кој на луѓето ја доверува силата на дарување живот!“

Пред традиционалниот благослов на статуите со бебето Исус, Светиот Отец им постави неколку прашања на собраните на плоштадот Свети Петар и на оние кои ја следеа молитвата преку медиумите: „Дали му благодарам на Господа што стана човек како нас, за да го споделува нашето постоење во сè освен во гревот? Дачи Го благословувам фалам за секое дете кое се раѓа? Дали ја поддржувам и бранам светата вредност на животот на најмалите, од нивното зачнување во мајчината уторба?

Светиот Отец го заврши обраќањето пред молитвата Ангел Господов: „Марија, блажена меѓу сите жени, нека нè направи способни да изразиме чудење и благодарност пред тајната на животот што се раѓа!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот