Бог е љубов, а љубовта е понизна, не се воздигнува, туку се спушта, како дожд што паѓа на земјата и донесува живот, рече Папата на 17 октомври 2021 година во обраќањето пред молитата Ангел Господов.
Во Евангелието на денешната Литургија, Исус трпеливо ги учи учениците дека вистинската слава не се добива со возвишување над другите, туку со живеејќи го крштението. Имено, Папата објасни во своето обраќање пред молитвата Ангел Господов, крштевањето значи „потопување“, а Исус со своето страдање се потопи во смрт, нудејќи го својот живот за да нѐ спаси. Неговата слава, значи, е слава Божја, љубов што станува служба, а не моќ што се стреми за доминација.
Соочени сме со две различни логики, рече Папата. Учениците сакаат да излезат, а Исус сака да се потопи. Размислувајќи за глаголот да излеземе, Папата рече дека тој изразува световен менталитет што постојано нѐ искушува да живееме за да ја нахраниме нашата амбиција, да се качуваме по скалите на успехот, да достигнеме важни позиции. Тоа го гледаме и во Црквата. Колку пати ние, христијаните, кои би требало да бидеме служители, настојуваме да се издигнуваме. Потрагата по личен углед може да стане болест на духот, која знае да се претставува како добра намера, предупреди Светиот Отец. Затоа, треба постојано да ги проверуваме вистинските намери на срцето, да се запрашаме: „зошто ја работам оваа работа, ја сносам оваа одговорност? Дали давам услуга за да бидам забележан, пофален?
Исус ја спротивставува својата логика со световната. Наместо да се издигнува над другите, тој се спушта од постолјето за да служи, наместо да излегува, се потопува во животите на другите. Дали мислиме со сочувство за гладот на многу луѓе, праша Папата, фокусирајќи се на друг глагол, потопување. Исус бара од нас да се потопиме со сочувство во животот на оние што ги среќаваме, како што тој направи со нас. Ако го погледнеме распнатиот Господ, длабоко потопен во нашата ранета историја, ќе го откриеме Божјиот начин на дејствување. Тој не остана горе на небото, н гледајќи нѐ одозгора, туку се спушти да ни ги измие нозете. Бог е љубов, а љубовта е понизна, не се воздигнува, туку се спушта, како дожд што паѓа на земјата и донесува живот.
Како да го следиме Христа, како да се префрлиме од менталитетот на угледот во оној на служење? Посветеноста не е доволна, им рече Светиот Отец на присутните. Ќе ни биде многу тешко да го постигнеме ова сами, но имаме една сила во нас што помага. Крштевањето, потопувањето во Исус што го примивме по благодат и што нѐ упатува, нѐ поттикнува да го следиме, не да го бараме сопствениот интерес, туку да се ставиме себеси во служба. Тоа е благодат, тоа е огнот што Духот го разгоре во нас и кој треба да се храни, заврши папата Фрањо во своето обраќање.
Ватикан њуз/к.мк