Ангел Господов: Еден ден ќе умреме, а смртта ќе биде почеток на нов живот

Ангел Господов: Еден ден ќе умреме, а смртта ќе биде почеток на нов живот

Папата во своето пладневно обраќање за време на молитвата Ангел Господов, во недела 17 ноември 2024 година, потсети дека во неволјите, кризите и неуспесите треба да гледаме на животот и историјата без страв дека ќе го изгубиме она што завршува и радосни за она што останува. Болката предизвикана од војни, насилство, природни катастрофи може да не научи да не се врзуваме за работите од светот кои неизбежно се предодредени да исчезнат. Сè умира, но нема да изгубиме ништо од она што сме го изградиле и сакале

Во своето пладневно обраќање папата Фрањо зборуваше за тоа што поминува, а што останува. Сите реалности на овој свет се предодредени да поминат; она што ќе остане ќе биде љубовта за која бевме способни.

Не се врзувајте за она што поминува; војните и големите несреќи нè учат на тоа

Коментирајќи ги неделните литургиски читања, папата Фрањо ги охрабри верниците да ја надминат приврзаноста кон земните работи: кризите и неуспесите или болката предизвикана од војни, насилство, природни катастрофи, не можат и не смеат да нè фрлат во очај. Имаме чувство дека сé се приближува кон крај и чувствуваме дека поминуваат и најубавите работи – забележа Папата и додаде:

Сепак, кризите и неуспесите, дури и да се болни, се важни, затоа што нè учат на сè да даваме вистинска тежина, да не ги врзуваме нашите срца со реалностите на овој свет, бидејќи тие ќе поминат: тие се предодредени да исчезнат.

Сè умира, но не и она што го изградивме и сакавме

Затоа Папата ги охрабри верниците да живеат според евангелското ветување за вечноста и воскресението. Ни овозможува повеќе да не живееме со вознемиреност за смртта.

Сè умира, и ние ќе умреме еден ден, но нема да изгубиме ништо од она што сме го изградиле и сакале, бидејќи смртта ќе биде почеток на нов живот. Браќа и сестри, дури и во неволји, кризи, неуспеси, Евангелието нè повикува да гледаме на животот и историјата без страв дека ќе го изгубиме она што завршува, и радосни за она што останува: Бог за нас подготвува иднина на живот и радост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот